За нас

  • ЈУДГ Детска Радост на Општина Гостивар започна со работа во далечната 1968 година со 17 вработени од сите потребни профили и 30 деца во 5 занимални со полудневен престој.

    Во моментот градинката функдионира во 5 објекта и 4 центри за ран детски развој со капацитет од 705 деца и 106 вработени.

    Објектот РЕ Пролет се наоѓа на улица Беличица бр. 47 со вкупна корисна површина 801м2 и дворна површина 2517м2 .Објектот располага со 8 занимални кои се користат за игри и престој со проектиран капацитет од 160.

    Во РЕ Пролет е сместена и централната кујна која е опремна со потребна опрема која ги обезбедува потребите за исхрана и во останатите објекти и центарот за деца со посепни потреби. Во истиот објект е сместена и пералната.

    Објектот РЕ Цветови е на улица Јастре Здравкоски б.б. со вкупна површина 996м2 и двор 2280м2 и престој со проектиран капацитет од 180 м2. Објектот располага со 9 занимални една дистрибутивна кујна, 2 канцеларии и сала за престој и изведување на активности, прослави приредби и слични активности. Објектот РЕ Цветови е со капацитет пд 215 деца.

    Објектот РЕ Пчелка се наоѓа на Ул. Илинденска бр. 152а во адаптирани и пренаменетаипростории од веќе постојната зграда на ученичкиот дом Бранко Станоевиќ со капацитет 120 деца.

    Објект Прпарими се наоѓа во село Чегране на Општина Гостивар. Објектот располага со две занимални, трпезарија , и дистрибутивна кујна. Објектот располага со капацитет од 50 деца.

    Објектот РЕ Сонце се наоѓа во основно училиште Мустафа Ќемал Ататурк во село Долна Бањица. Објектот е пуштен во употреба во септември 2020 година со површина 285м2 со проектиран капацитет од 4 занимални со 74 деца организирани во 4 хетерогени групи.Во објектот постои дистрибутивна кујна за потребите на објектот.