• Добредојдовте во Детска радост ЕДУКАЦИЈА, РАЗВОЈ, ПОСВЕТЕНОСТ За сите деца Пријателска атмосфера Инклузија и интеграција На секое дете Нашата цел е да обезбедиме КОМПЛЕТНА ПРИРОДНА СРЕДИНА За раст и развој на сите деца
  • Платете членарина онлајн

  • 54 години традиција и посветеност

    5 објекти и 4 центри за ран детски развој
    • Објект РЕ Пролет

      Објектот РЕ Пролет се наоѓа на улица Беличица бр. 47 во Гостивар. Има вкупна површина од 801м2 и дворна површина од 2517м2. Објектот располага со 8 занимални кои се користат за игри, престој и едукација со проектиран капацитет од 160 деца.

    • Објект РЕ Цветови

      Објектот РЕ Цветови е на улица Јастре Здравкоски б.б. во Гостивар. Има вкупна површина од 996м2, двор од 2280м2 и престој со проектиран капацитет од 180м2. Објектот располага со 9 занимални, дистрибутивна кујна, и сала за престој и изведување на активност. Објектот РЕ Цветови е со капацитет од 215 деца.

    • Објект РЕ Пчелка

      Објектот РЕ Плечка се наоѓа на ул. Илинденска бр. 152А во Гостивар, во адаптирани и пренаменети просторииод веќе постојната зграда на ученичкиот дом Бранко Станојевиќ. Објектот располага со капацитет од 120 деца.

    • Објект Прпарими

      Објектот Прпарими се наоѓа во село Чегране, Општина Гостивар. Објектот располага со две занимални, трпезарија и дистрибутивна кујна. Објектот располага со капацитет од 50 деца.

    • Објект РЕ Сонце

      Објктот РЕ Сонце се наоѓа во основното училиште Мустафа Ќемал Ататурк во село Долна Бањица, Гостивар. Објектот е пуштен во употреба во 2020 година. На површина од 285м2 со проектиран капацитет од 4 занимални со 74 деца организирани во 4 хетерогени групи.

  • Како да го зачлените вашето дете?

    • Капацитет

      Детска Радост Гостивар располага со вкупен капацитет од 705 деца

    • Вработени

      Над 100 вработени се грижат за едукација, исхрана, безбедност и развој на децата

    • %
      Задоволни родители

      Со отворениот пристап и достапноста на нашите вработени успеваме да ги задоволиме очекувањата на родетелите

  • Програма

  • Раното детство е важно за севкупниот развој на личноста. Теориите и истражувањата укажуваат на значењето на раното детство за интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој, а со тоа и на важноста на организираното создавање услови за тој развој.

  • Теоријата и практиката го промовираат холистичкиот пристап во поттикнувањето на раното учење и развој кај малите деца.

    Општествените процеси на демократизација се рефлектираат во воспитно-образовната работа со децата од предучилишна возраст и бараат доследна практична примена на стручно-научните сознанија, како и доследна примена на хуманистичко-теоретскиот, педагошко-психолошкиот процес во толкувањето на детската личност.

    Целокупните воспитно-образовни активности во предучилишното воспитание се насочени кон почитување и задоволување на потребите, интересите и можностите на секое дете.

    • Јасли - Развоен период до 2 години
      0-24 месеци
      • 9-24 месеци
        Возраст
      • 15
        Членови по група
    • Деца од 2-3 години
      2-3 години
      • 2-3 години
        Возраст
      • 15
        Членови по група
    • Деца од 3-4 години
      3-4 години
      • 3-4
        Возраст
      • 15
        Членови по група
    • Предучилишна
      4-6 години
      • 4-6 години
        Возраст
      • 15
        Членови по група
  • Контактирајте нѐ

    Наши податоци за контакт
    • Адреса

      Ул. Беличица бр. 41
      1230 Гостивар
      Република Македонија

    • Телефон и е-Пошта

      Телефон: 042 213 492
      е-Пошта: detskaradost.gv@hotmail.com

    • Работно време

      Понеделник до Петок
      08:00 – 16:00

  • Пријавете проблем (анонимно)